ПРЕЖДЕОСВЕШТЕНА ЛИТУРГИЈА НА ВЕЛИКА СРЕДА ВО РОКДЕЈЛ

На 01. 05. 2024 година,  во светата и велика Среда од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Литургија на претходноосветени дарови.

На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.