ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ

На 16. 03. 2025 година,  во Втората недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск; Света Пијамука Мисирска; Светата непозната девојка, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, старешината на храмот јерејот Владо Недески отслужи Света божествена Литургија.   На Василиевата Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и …

МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И ВТОР АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ

На 14. 03. 2025 година, во вториот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, игуменот Гаврил (Галев) во сослужение со старешината на храмот, јерејот Климент Станковски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.

ОДБЕЛЕЖАН СПОМЕНОТ НА СВЕТИОТ АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК, МЕЛБУРН

Денес кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија го прославува споменот на Светиот Агатангел Битолски во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, во молитвено присуство на игуменот Гаврил (Галев), протојерејот-ставрофор Ефтим Бетински заедно со јерејот Климент Станковски отслужија Преждеосвештена литургија.

ПРВА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ

На 09. 03. 2024 година,  во Првата недела од Великиот пост – Недела на Православието, кога се празнува споменот на Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител; Преподобен Еразмо, монах Печерски, во во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Василиева Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите …

ТОДОРОВА САБОТА ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ВМЧ. ДИМИТРИЈ“ ВО ВОЛОНГОНГ

На 08. 03. 2025 година, кога се празнува празникот Тодорова сабота, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, старешината на храмот протојереј Борислав Лазов отслужи Света Златоустова божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.