Утрена богослужба и Оплакување Христово во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

„Се исплашија хоровите ангелски, гледајќи Го Оној што седи во прегратките на Отецот, како Бесмртниот се полага во гроб како мртов, како ангелските чинови Го опкружуваат и со мртвите во адот Го слават, како Создател и Господ!“ (седален на Утрена на Велика Сабота)      На 06. 04. 2018 година,  во навечерието на светата и Велика Сабота од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Кирил и Методиј“ во Розбери, Неговото …

Велики петок во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Јосиф, откако го испроси од Пилата чесното тело, со чиста плаштаница го завиткува, и со божествени мириси го миропомазува и во нов гроб го полага. Затоа жените мироносици, откако поранија, извикаа: Покажи ни го, Христе, воскресението, како што си претскажал.   На 06. 04. 2018 година, во Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот презвитерот Владо Недески отслужи Царски часови …

Велики петок во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Како да те погребам, Боже мој? Со каква плаштаница да Те завиткам? Со кои раце да се допрам до Твоето нетлено тело?   На 06. 04. 2018 година, во Светиот и Велики петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот презвитерот Климент Станковски отслужи Царски часови и Вечерна богослужба со изнесување на Плаштаница, на која символично се соврши симнувањето од Крстот …

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Слава на Твоето долготрпение Господи!   На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски во сослужение на старешината на храмот презвитерот Игор Младеновски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

Слава на Твоето долготрпение Господи! На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот презвитерот Климент Станковски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.