Вечерна богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 05. 01. 2018 година, во предвечерието на кога го празнуваме споменот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа и на Преподобен Никола војвода, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Вечерна богослужба.
Прославен празникот свети Наум Охридски во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)
На 05. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец, , во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.
Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 05. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Верниот народ му посака топло добродојде и успешна мисија во Кабрамата.
Прославен споменот на свети Наум Охридски во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 05. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Свети Наум Охридски; Светите десет маченици на Крит; Свети Нифонт Чудотворец, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени Лебните приноси.
Торжествена прослава на споменот на светиот маченик Игнатиј Богоносец и на преподобниот Јован Кронштадски во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)
На 02. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец; Свети Данило, архиепископ Српски; Свети праведен Јован Кронштатски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. Верниот народ ја имаше несекојдневната можност да се поклони на светите нетлени мошти од свети Игнатиј Богоносец, кои ги испрати сестра Илијана (Илкова), игуманија на Марковиот манастир од Македонија, за добриот …
