Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)  

  На 03. 12. 2017, во 26-тата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува Претпразненството на празникот Воведение Богородично и преподобниот Григориј Декаполит, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 03. 12. 2017 година, во 26-тата недела по Педесетница кога го празнуваме Претпразненството на Воведението Богородично и преподобниот Григориј Декаполит, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)  

  На 26. 11. 2017, во 25-тата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на свети Јован Златоуст; светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манете и на преподобниот маченик Дамаскин, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 26. 11. 2017 година, во 25-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на свети Јован Златоуст; светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манете и на преподобниот маченик Дамаскин, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 19. 11. 2017, во 24-тата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот Павле Исповедник, патријарх Цариградски и на преподобниот Варлам Хутински, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.