ПРАЗНИКОТ СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ ПРОСЛАВЕН ВО ВОЛОНГОНГ

ПРАЗНИКОТ СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ ПРОСЛАВЕН ВО ВОЛОНГОНГ

 

Во саботата на 26. 07. 2025 година, кога Светата Црква го прославува празникот Собор на свети архангел Гаврил, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, старешината на храмот протоереј Борислав Лазов отслужи Света Литургија.

 

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.