МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
АВСТРАЛИСКО – СИДНЕЈСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА
Важно известување до македонската заедница во Австралија: Повик за правилно изјаснување на Австралискиот попис 2026
СООПШТЕНИЕ
Во име на Австралиско-сиднејската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ги известуваме сите наши верници дека на 11 август 2026 година ќе се одржи редовниот Австралиски попис на населението. Особено е важно нашите верници правилно и точно да ги пополнат прашањата што се однесуваат на религијата, етничкото потекло, мајчиниот јазик и местото на раѓање.
Нашиот идентитет, наша одговорност – Да ја покажеме бројноста на македонската заедница во Австралија
Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки,
На 11 август 2026 година ќе се одржи редовниот Австралиски попис на населението, кој се спроведува еднаш на секои пет години и претставува најважното национално статистичко истражување во Австралија.
Пописот претставува значајна можност секој од нас да придонесе за точното евидентирање на македонската заедница во Австралија.
За нас, Македонците во Австралија, од исклучително значење е правилно и јасно да се изјасниме. Податоците од пописот имаат големо значење за статистичката застапеност на македонската заедница, зачувувањето на нашиот национален, јазичен и верски идентитет, како и за идното планирање на образовни, културни и општествени програми.
Учеството во пописот е задолжително за сите лица кои ќе се наоѓаат во Австралија на ноќта на 11 август 2026 година, вклучувајќи ги и лицата со привремени визи и меѓународните посетители. Во текот на втората половина од јули, секое домаќинство ќе добие упатства за пополнување на пописот преку интернет или ќе може да побара печатена верзија на формуларот.
Ги повикуваме сите наши верници и сонародници внимателно да ги пополнат одговорите, а доколку е потребно, да им помогнат и на своите родители, роднини, соседи и пријатели правилно да се изјаснат.
Ве потсетуваме дека одговорите треба да бидат напишани со големи печатни букви, користејќи црно или сино пенкало, согласно упатствата на Австралиското биро за статистика.
Особено внимание обратете на следните прашања, кои се од исклучително значење за правилното статистичко прикажување на македонската заедница во Австралија:
Да придонесеме сите заедно македонската заедница во Австралија да биде точно и достоинствено претставена. Секој правилно пополнет попис е придонес за зачувување на нашето национално, јазично, културно и духовно наследство за идните поколенија.
Да бидеме видливи.
Да бидеме правилно евидентирани.
Да го зачуваме нашиот македонски идентитет за идните поколенија.
Австралиско-сиднејска епархија
Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија





