БЕСЕДА ЗА МИТАРОТ И ФАРИСЕЈОТ – ОТЕЦ ГАВРИЛ ГАЛЕВ
А на оние, што беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник.Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: »Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам.« А митникот стоеше оддалеку; …
БЕСЕДА ЗА ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)
На овој ден светата Православна Црква го слави споменот на светото Христово Преображние на гората Тавор пред очите на апостолате кое во суштина е и нивно преображение. Имено, тој настанот од Светото Евангелие во кој се опишува како Господ пред да појде на своето славно страдание, се искачил сам на гората, а со себе ги зел Петра, Јакова и Јована, и се молел цела вечер сам. Потоа се преобразил, Неговото …
БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЖЕНИТЕ МИРОНОСИЦИ – БЛАЖЕНОУПОКОЕН МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ
Митрополит Тимотеј Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри, Христос воскресе! Денешниот празник е посветен на жените мироносици, кои се удостоиле со голема чест први да го поздрават светот со радосната вест – Христос воскресе! Доколку се позамислиме малку подлабоко за содржината на денешното евангелско четиво и апостолот, ќе видиме дека во нив се зборува за две главни должности на човекот, и тоа: должности …
БЕСЕДА ЗА ВЕЛИКИ ПЕТОК – РОДИОН ПУТЈАТИН
Молчи устата на Спасителот, не зборува јазикот, ами говори срцето Негово. Чуј што ти порачува срцето на Спасителот: – Гледаш ли колкава е мојата љубов спрема тебе! Ти постојано стравуваш за своето спасение. Јас лежам мртов, Јас умрев за твоето спасение. А ти пак мислиш дека твоето спасение е незвозможно. Зарем ќе очајуваш? Да, јас однапред знаев, уште пред да се родиш дека ти ќе се сомневаш и ќе очајуваш …
Тајната на Крстот Христов – Митрополит Наум / THE MYSTERY OF THE CROSS OF CHRIST – Metropolitan Naum of Strumica
„Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене! Оти кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси“ (види: Матеј 16, 24–25; Лука 9, 23–24; Марко 8, 34–35). Светите апостоли Матеј, Марко и Лука во Светото Евангелие речиси идентично ги имаат запишано …
