ЛИТУРГИЈА ВО 9 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА ВО ЕПИНГ
На 10. 08. 2025 година, во деветтата недела по Педесетница, кога Светата Црква го прославува споменот на Преносот на моштите на свети , во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. Парохиескиот свештеник о. Климент Станковски за време на Литургијата произнесе беседа во која нагласи дека Црквата ни е мајка и дека сите треба постојано да извикуваме: „Господи …
ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ И СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН ПРОСЛАВЕН ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК
На 09. 08. 2025 година, кога Светата Црква го празнува споменот на патронот на МПЦ-ОА, Свети Климент Охридски, како и на светиот вмч. Пантелејмон и на светите Седмочисленици во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија во сослужение со протојерејот-ставрофор Ефтим Бетински, јерејот Климент Станковски и свештенослужителите: о. Дејан Милошевиќ од СПЦ и о. Генадиј Бакшеев од Руската задгранична црква …
ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК
На 08. 08. 2025, во предвечерието на празникот посветен на Свети Климент Охридски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на ерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба, со што започна торжественото празнување на манастирската слава. На богослуженито учество зеде мноштво народ.
ТОРЖЕСТВЕНО ПРОСЛАВЕНА ХРАМОВАТА СЛАВА СВЕТА ПЕТКА ВО РОКДЕЈЛ
На ден 08. 08. 2025 година во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј свечено беше прославен храмовиот празник Света Петка. Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан со Светата Литургија чиноначалствуваше Неговото преосвештенство, Епископот г. Михаил од Романската православна црква на кому му сослужуваа голем број свештеници од помесните православни цркви. На Литургијата молитвено присуствуваше и Неговото преосвештенство, Епископот г. Темистокле …
ТОРЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО БРИЗБЕЈН, КВИНСЛЕНД
ТОРЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО БРИЗБЕЈН, КВИНСЛЕНД „Се веселам кога ми рекоа: да одиме во домот Господов!“ (Псал. 121,1) Во неделата на 3 август 2025 година, кога Светата Црква молитвено го чествува споменот на светиот пророк Езекил, преподобниот Симеон Јуродив и неговиот соподвижник Јован, а во осмата недела по Педесетница, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Бризбејн, Квинсленд, беше отслужена торжествена Света Литургија. Богослужбата ја предводеше отец Гаврил (Галев), во сослужение …
