Вечерна празнична богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 05. 05. 2017 година, во навечерието на храмовиот празник посветен на свети вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Вечерна празнична богослужба. На богослужбата присутвуваше многуброен верен народ.        

Како да се однесуваме во храмот

Во црква се оди со смирение во срцето, со голема почит кон храмот, но пред сè со вера и надеж во Бога, бидејќи во Неговиот дом влегуваме. Исто така, многу е важно предходно да се измириме со секој што ни згрешил или кому ние сме му згрешиле, зашто само на тој начин правилно сме ги сфатиле зборовите од Светото Писмо: И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се …

Кратко житие на светиот великомаченик Георгиј Победоносец

Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во …

Веронаука во црковната општина „Света Петка“ – Рокдејл (Нов Јужен Велс)

  Секој понеделник во црковната сала при ПЦО „Света Петка“ во Рокдејл – Сиднеј, о. Гаврил (Галев) одржува часови по веронаука. Темата за овој понеделник беше „За жените мироносици, и улогата на жената во семејството и црквата“. Верниците активно учествуваа во предавањето со свои прашања и размислувања на оваа тема.   In Church St. Petka in Rockdale, every Monday from 7:00 PM, there will be Bible study. Welcome. Секој Понеделник …

Свети Кипријан Слепченски

Синаксар Во 17от/30от ден од месецот Април спомен празнуваме на светиот свештеномаченик Кипријан, игумен на славната Слепченска обител на чесниот Претеча, кој пострада во оган од нечестивите Агарјани во 1780 г. Во времето кога заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да завладеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител на чесниот Претеча на Велики четврток во 1780 г. Притоа свирепо го мачеа игуменот Кипријан …