Втора недела од Великиот пост во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 12.03. 2017 година,  во Втората Недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на свети Агатангел Битолски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите …

Втора недела од Великиот пост во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)

На 12.03. 2017 година,  во Втората Недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на свети Агатангел Битолски, во црковната општина „Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.

Посета на Романскиот митрополит г. Михаил за Австралија и Нов Зеланд на црковната општина„Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг и на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

Со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, на 25.02. 2017 година (сабота),  кога се празнува споменот на свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски; свети Алексиј, митрополит Московски; преподобна Маријa; свети Антониј, патријарх Цариградски и света Калија, црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг и  манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, беа удостоени со посета од Митрополитот …

Божествена литургија во храмот „Свети пророк Илија“ во Квинбијан,  (Нов Јужен Велс)

На 26. 02. 2017 година,  во Неделата на простувањето, кога се празнува споменот на преподобниот Симеон Мироточив; преподобниот Мартинијан и светите Зои и Фотинија (Прочка), во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, старешината на храмот протојереј Ѓорѓи Митев отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.    

СВЕТИ АПОСТОЛ ТИМОТЕЈ

На 04.02.2017 година, на празникот на светиот апостол Тимотеј, а по повод именденот на нашиот Митрополит Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. …