Божествена литургија за празникот Отсекување на главата на свети Јован Крстител во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 11. 09. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител; преподобната Теодора Солунска; света маченичка Василија и на светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 10. 09. 2017 година, во 14 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Мојсеј Мурин; на преподобниот Сава Псковски и Крипецки и на Соборот на сите Печерски богоугодници, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Австралиско-сиднејската епархија со голема и свечена прослава ги прослави големите јубилеи
Во Рокдејл – Сиднеј (Нов Јужен Велс) во присуство на многуброен македонски народ, гости и претставници од општествената јавност, викендов беше одржана долго најавуваната прослава, по повод големите јубилеи: „50 години од прогласувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква (17 јули 1967 – 2017)“ и „26 години од Денот на прогласувањето на независноста на Република Македонија (08 септември 1991 – 2017)“. Прославата беше централна манифестација …
Слово по повод прославата на големиот јубилеј „50 години од прогласувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска Првославна Црква“
Почитувани екселенции, Ваше преподобие, ценети пречесни отци, драги браќа и сестри, Се собравме на овој ден да го одбележиме јубилејот 50 години од прогласувањето на МПЦ како Автокефална Црква во соборот на Едната Света и соборна и Апостолска (Православна) Црква. Воедно сакам да потсетам на уште еден голем историски ден за македонскиот народ кој што го чествуваме, а тоа е 26 години од осамостојувањето на Р. Македонија. Чест е и …
Сеќавањето на радостите – пат кон вечноста
„Ова е најголемиот ден за Македонија! Она што ние го доживуваме сега сакале да го доживеат многу генерации. Ние сме најсреќната! Но имаме и најголема одговорност, ние треба јасно да покажеме дека сме зрел народ, кој ќе даде плодови не само за Македонија, туку и за Европа и целиот свет“ Архиепископ Охридски и Македонски г. г. МИХАИЛ (Методи Гогов) Почитувани екселенции, Ваше преподобие, ценети пречесни отци, драги …
