БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)

Бог се што створил, створил добро и за вечно постоење. Меѓутоа, како што гледаме, не изгледа се така добро. А зошто не е така? Затоа што ние ја прекршивме Божјата заповед на пост и молитва, односно се одделивме од заедницата со Бог која што единствено прави сѐ да е добро, и која што единствено сѐ приведува во хармонија. Надвор од (заедницата со) Бог е хаосот, надвор од Бога е гревот …

ПОМЕН ЗА УПОКОЕНИТЕ И ДОНАТОРСКА АКЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА ВО МЕЛБУРН

На ден 30 март (недела) 2025 година пред споменикот на Гоце Делчев во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг за време на донаторската акција за настраданите во Кочанската трагедија, која беше организирана од повеќе македонски друштва од Викторија, македонското свештенство при Австралиско-сиднејската епархија отслужи помен за покој на душите на сите трагично упокоени Божји чеда.

НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 30. 03. 2025 година,  во Четвртата недела од Великиот пост – Недела на свети Јован Лествичник, кога се празнува споменот на Свети Алексиј човек Божји; Светиот маченик Марин, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни. /// 4 Nedela od …

ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ – НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

Недела на Свети Јован Лествичник е четвртата недела на Велигденскиот пост, и доаѓа после Крстопоклоната недела. Оваа недела Црквата се сеќава на свети Јован Лествичник, духовен светилник и автор на капиталното дело на православната духовност – Лествица.   Духовно значење Секоја од неделите на Великиот пост е посветена на определен настан, личност или мотив. Оваа недела Црквата се потсетува на сведоштвото на св. Јован за потребата од вистинска духовна борба …

АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО БРИЗБЕЈН / AKATHIST TO THE MOST HOLY MOTHER OF GOD IN BRISBANE

АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО БРИЗБЕЈН Во петокот, на 28 март 2025 г. во четвртата седмица од Велигденскиот пост, во црковната општина „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Бризбејн, старешината на храмот, протојерејот Ѓорѓи Митев служеше Мало Повечерие со Акатист – стоечка молитва и химна посветена на Пресвета Богородица. Поголем број на верници присуствуваа на оваа свечена Акатистна служба, кои донесоа петтолебие за благослов. Нека Пресвета Богородица ги благослови нивните домови …