Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 31. 03. 2018 година, во Шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува Воскресението на Лазар Четириднецниот – пријателот Господов (Лазарева сабота), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Организирана играорна група при МПЦО „Света Недела“ во Голд Кост
Во организација на Управата на МПЦО „Света Недела“ во Голд Кост (Квинзланд) беше организирана играорна група, која секој петок со почеток во 18:00 часот ќе се состанува и ќе има проби и тренинзи во просториите на салата при храмот. Групата е отворена за нови членови, а членарината е бесплатна. Исто така, освен децата се покануваат и сите возрасни на вечера, пијалок, дружба и забава. На 30. 03. 2018 Македонската играорна …
Света Архиерејска Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
„Лазар, пријателот наш, заспал; целото човештво заспало но ќе отидам да го разбудам“ На 31.03.2018 година, во Шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува Воскресението на Лазар Четиридневниот – пријателот Господов (Лазарева сабота), во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протојереј-ставрофор Ѓоргија Лапоски, протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, …
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ БОГОСЛУЖБИ ПРИ МПЦО „СВЕТА НЕДЕЛА“ ВО ГОЛД КОСТ
Македонска православна црква „Света Недела“ – Голд Кост (Квинзланд) По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, Црковниот управен одбор на МПЦО „Света Недела“ од Голд Кост Ве известува дека протојереј – ставрофор Ѓоргија Лапоски ќе богослужи во нашиот храм и Ве поканува да земете активно учество на богослужбите, кои ќе се одржат во следниот распоред: 6 април – ВЕЛИКИ ПЕТОК – службата започнува вечерта во 18:00 …
РАСПОРЕД за светите богослужби при МПЦО “Св.Никола” – Перт во Страсната Седмица и Велигден 2018 / SCHEDULE оf Services for Holy Week and Pascha 2018 at Macedonian Orthodox Church of Saint Nikola – Perth
Р А С П О Р Е Д За Светите Богослужби при М.П.Црква “Св.Никола” на 8 Macedonia Pl. N.Perth во Страсната Седмица и Велигден 2018 S C H E D U L E Оf Services for Holy Week and Pascha 2018 at Macedonian Orthodox Church of Saint Nikola, 8 Macedonia Pl, North Perth, Western Australia 31st March ЛАЗАРЕВА САБОТА – Св. Литургија LAZARUS SATURDAY – Divine Liturgy 8.30 а.m. 1st April …
