Пристигна новиот парохиски свештеник во Црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг (Нов Јужен Велс)

Со благослов на надлежниот архиереј на Австралиско – сиднејската епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, во мисија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на Австралиско тло, односно во Австралиско – сиднејската епархија пристигна новиот свештеник, јерејот Роберт Илијевски, кој од Охрид доаѓа на позицијата парох при Македонската православна црковна општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг („Saint Demetrius of Solun“ – …

Претставник од Австралиско – сиднејската епархија при МПЦ – ОА се сретна со Коптскиот поглавар, Неговата светост папата г. Тавадрос II

На Австралискиот континент од неодамна во своја прва официјална работна посета се наоѓа 118-тиот Папа Александриски и Патријарх на цела Африка, на Светата Апостолска визија на свети Марко евангелистот, на Копската православна црква г. г. Тавадрос II од Александрија. Тој благоволи во вторникот, на 12. 09. 2017  година во центарот на градот Мелбурн, во просториите на Теолошкиот Православен факултет „Свети Атанасиј Велики“ да организира свечен прием, на кој покрај големиот …

Австралиско-сиднејската епархија со голема и свечена прослава ги прослави големите јубилеи

Во Рокдејл – Сиднеј (Нов Јужен Велс) во присуство на многуброен македонски народ, гости и претставници од општествената јавност, викендов беше одржана долго најавуваната прослава, по повод големите јубилеи: „50 години од прогласувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква (17 јули 1967 – 2017)“ и „26 години од Денот на прогласувањето на независноста на Република Македонија (08 септември 1991 – 2017)“. Прославата беше централна манифестација …

Се отпечати Епархиското православно џебно календарче за 2018 лето Господово

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, во издание на Австралиско – сиднејската епархија – излезе од печат Православниот календар за 2018 година на македонски и англиски јазик. Новиот православен календар, за православните верници е достапен во сите цркви на Австралиско – сиднејската епархија.

Повторно радост за верните чеда на Австралиско – сиднејската епархија: Излезе од печат вториот број од епархиското списание „ПРАВОСЛАВИЕ“

Повторно, по милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј – излезе од печат веќе вториот број од епархискиот гласник на  Австралиско – сиднејска епархија при МПЦ-ОА – списанието „ПРАВОСЛАВИЕ“. Пред три месеци со особена радост и восхит го објавивме излегувањето на првенецот – првиот број, кој како што знаете беше посветен на …