КРАТКИ ЖИТИЈА НА СВЕТИТЕ ТРИ ЕРАРСИ
Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на владеењето на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го воздигнуваа Св. Василиј заради неговата чистота и храброст, други Св. Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети …
ЖИТИЕ НА СВЕТИ АПОСТОЛ ТИМОТЕЈ (04. 02)
Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, …
КРАТКО ЖИТИЕ НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ
Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет …
КРАТКО ЖИТИЕ НА СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ, ЧУДОТВОРЕЦ
И ете, братја, да не остане без спомен, братот (по дух) на блажениот Климент, и содругарот и сострадалникот негов, зошто многу маки претрпе и страданија со него, од еретиците, Наум презвитерот (свештеникот). Кога Климента за епископ го поставија, тогаш благоверниот кнез Симеон го испрати во Кутмичевица собратот негов Наум, на негово место, да учителствува. И тој ототогаш, во благоугоден подвиг продолжи да пребива, дественоста уште од деството запазувајќи ја, па …
СВЕТИ СПИРИДОН ЧУДОТВОРЕЦ, ЕПИСКОП ТРИМИФУНТСКИ
Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен с ѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не …
