Events

ПРВА СРЕДА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ

На 13. 03. 2019 година, во средата од Првата седмица на Великиот пост, кога гo прославуваме споменот на преподобниот Василиј Исповедник и светиот свештеномаченик Протериј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Литургии на претходноосветените дарови, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

НЕДЕЛА СИРОПУСНА (ПРОЧКА)

На 10. 03. 2019 година, кога го прославуваме споменот на светиот Тарасиј Цариградски и преподобниот Пафнутиј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

НЕДЕЛА НА СТРАШНИОТ СУД (МЕСОПУСНА)

На 03. 03. 2019 година, во  третата подготвителна недела пред Великиот пост, Неделата на страшниот суд или Недела месопусна, кога го прославуваме споменот на светиот Лав папа Римски и светиот Флавијан Цариградски, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН

На 24. 02. 2019 година, во  Неделата на блудниот син, кога го прославуваме споменот на светиот маченик Георгиј Кратовски и светиот Власиј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.