Events

ПРЕТПРАЗНЕНСТВО НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БАДНИК

На 06.01.2019 година, во предвечерието на празникот Рождество Христово, на Бадник, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Празнични Вечерни богослужби. На крајот од богослужбите, беа прекршени празничните бадникови колачи. На верниот народ му беше поделено од бадниковиот колач а на најмалите им беа поделени пригодни подароци, а потоа сите заеднички присуствуваа на бадниковата трпеза.

32 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА (ПРЕД РОЖДЕСТВО)

На 06. 01. 2019 година, во 32 – та Недела по Педесетница (пред Рождество), во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, со Свети Божествени Литургии, беше одбележан споменот на Преп. мч – чка Евгенија и преодобниот Николај Монах. На Божествените Литургии верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

ПРЕПОДОБЕН НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ

Соединувајќи се со Христа си го оставил светот, живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас, со Твоите молитви, избави нè од искушенија. (Тропар на Св. Наум Охридски, глас 4.)   На 05. 01 .2019 година,  кога Црквата го прославува Преподобниот Наум, Охридскиот чудотворец, во храмовите на Австралиско – …

31 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

На 30. 12 .2018 година, во 31 – та Недела по Педесетница, кога Црквата го прославува Св. пророк Данил и трите момчиња, молитвено беше прославен нивниот спомен во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија со Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.