Events

Служба на светите и спасителни Христови страданија во храмот „Свети Климент Охридски “ во Канбера (Австралиска Капитална Територија)

„Оној што се облекува со светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш храмовата завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сѐ што е создадено: Нему да Му се поклониме“ (Десетти антифон на Утрена на Велики Петок)   На 05. …

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

Денес виси на дрво Оној што земјата ја обеси на водите; со венец од трња е крунисан Царот на ангелите; во смешна багреница се обелкува Оној што небото го облекува со облаци; шлакациници прима Оној што во Јордан го ослободи Адама; со клинци се приковува црковниот Младоженец; со копје се прободе Синот на Дева: се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, покажи ни го славното …

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Свети Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојереј Станко Јовановски во отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.

Утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и изнесување на Распетието Христово во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот презвитер Владо Недески во сослужение на протојереј Александар Ивановски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово. На богослужението учество зеде мноштво верен народ.