Events

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 23. 03. 2018, во петокот од петтата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принесе благодарствени молби на Богомајката. Народот принесе и приноси – петолебие.

Литургија на Претходно-осветени дарови во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 23. 03. 2018, во петокот од петтата недела на Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на Светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него; Светиот маченик Кодрат Никомидиски; Преподобната мајка Анастасија; (Акатист), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Литургија на Претходно-осветени дарови. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Прием во кабинетот на Митрополитот г. Тимотеј

На 21.03.2018 година во Митрополијата во стариот дел на Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј   во својот кабинет го прими и одржа средба  со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски. Митрополитот г. Тимотеј од свое лично име, од името на свештенството и монаштвото, како и од името на сите верни чеда од своите епархии му …

Нови градежни активности при храмот „Света вмч. Недела“ во Голд Кост (Квинзланд)

Уште на Епархиското генерално собрание на Австралиско-сиднејската православна епархија, одржано на 11. 01. 2017 година, во просториите на „Шелдон ресепшн“ во Мелбурн под раководство на надлежниот епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, кој тогаш беше во канонска визитација на Епархијата, меѓу повеќето разгледани прашања од животот на епархијата – стана збор и за Црковната општина при храмот „Света вмч. Недела“ во Голд Кост (Квинзланд). Делегатите …