Events

Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 31. 01. 2018, кога Светата Црква ги празнува +Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Свети Кирил Александриски; Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа благословени славските лебови.

Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 28. 01. 2018, во неделата на митарот и фарисејот, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Павле Тивејски; Преподобен Јован Кушчник (Колибар); Преподобен Гаврил Лесновски и Светиот маченик Пансофиј, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 28. 01. 2018, во неделата на митарот и фарисејот, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Павле Тивејски; Преподобен Јован Кушчник (Колибар); Преподобен Гаврил Лесновски и Светиот маченик Пансофиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Света Божествена Литургија во храмот „Свeти Никола“ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 28. 01. 2018, во неделата на митарот и фарисејот, кога Светата Црква ги празнува Преподобен Павле Тивејски; Преподобен Јован Кушчник (Колибар); Преподобен Гаврил Лесновски и Светиот маченик Пансофиј, во црковната општина „Свети Никола“ во Кабрамата, старешината на храмот, презвитерот Игор Младеновски, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.