Events

СВЕТА ЛИТУРГИЈА ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ПРЕПОДОБНИОТ ГАВРИЛ, ЕПИСКОПОТ ВЕЛИЧКИ

На 12. 01. 2025, во 29 недела по Педесетница – Недела по Рождество Христово (Попразненство на Божиќ , кога Светата Црква ги прославува Светите богооци: Св. цар Давид, Св. праведен Јосиф и Светиот апостол Јаков брат Господов, како и споменот на нашиот преподобен отец Гаврил, епископ Велички; во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на протојереј-ставрофор Јован Димиров и на протојерејот …

СВЕТИТЕЛОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ

Отец Гаврил од Лесновскиот манастир беше голема утеха за малубројните вистински христијански заедници (христијани со свој духовен отец, со правило за духовен подвиг, кои редовно се исповедаа и се причестуваа), кои во негово време (1971 – 1990), во Р. Македонија беа распрснати како мали оази на спас во пустината на атеизмот и христијанскиот номинализам. Гледајќи од денешна перспектива – после четврт век од неговото блажено упокојување, ако продолжиме да живееме …

ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ПРЕПОДОБНИОТ ГАВРИЛ, ЕПИСКОПОТ ВЕЛИЧКИ

На 11. 01. 2025, во предвечерието на чествувањето на споменот на  Преподобен Гаврил, епископ Велички; во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на протојереј-ставрофор Ефтим Бетински и на јерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба. На Вечерната богослужба учество зеде мноштво народ, кој имаше можност да се поклони на светите мошти на светител Гаврил Светогорец, епископот Велички, кој е светител од нашето …

ОДБЕЛЕЖАН СПОМЕНОТ НА СВЕТИОТ ПРВОМАЧЕНИК СТЕФАН ВО РОКДЕЈЛ

На ден 09. 01. 2025 година (трет ден Божиќ), кога Светата Црква го прославува споменот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан во МПЦО „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Света литургија. На литургијата присуствуваше мноштво народ, кој молитвено го прослави споменот на светиот маченик Стефан. Верниот народ се причести со Светите Христови тајни.   So Liturgija i molitveno od celata crkovna zaednica bese proslaven spomenot …