Events

Посета на нашите парохијани во старскиот дом

На ден 11. 10. 2017 година, кога Светата Црква го празнува споменот на преподобен Харитон Исповедник; светиот пророк Варух; светиот маченик Марко овчар и на светиот маченик Вацлав, крал чешки , старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“, јереј Климент Станковски ги посети и причести парохијаните во старскиот дом Estia – Epping.

Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 08. 10. 2017 година, во 18-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на преподобна Ефросинија; преподобен Сергеј Радоњежски и преподобна Евросинија Суздајска, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отец Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 08. 10. 2017 година, во 18-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на преподобна Ефросинија; преподобен Сергеј Радоњежски и преподобна Евросинија Суздајска, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 07. 10. 2017, кога Светата Црква го празнува споменот на светата првомаченичка Текла, рамноапостолна; на свети Стефан, крал српски, првовенчан; на свети Давид и на светиот крал Владислав, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отец Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.