Events

ЖИТИЕ НА СВЕТИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦОТ

За светата личност за која се дрзнувам да пишувам, не сум достоен ниту да помислам, а дури и неговото име го носам и го сквернам. Го молам светителот да ми прости, но и да ме благослови и да ми ја просветли мислата успешно да го завршам пишувањето на ова негово кратко житие, како еден мој најмал дар и благодарност кон него. Потекнуваме од ист град, па дури и од исто …

ТРОПАР НА СВЕТИ ГАВРИЛ ВЕЛИЧКИ

Големиот украс на епископите, убавина на светителите, правило на монасите, слава на пустиниците, дарител на милоста, светилник на расудувањето, откако дојдовме, верни, да го прославиме учителот на кротоста, љубител на божественото, премудриот архиереј, великиот светител и отец, Гаврил епископот Велички и новиот Лесновски чудотворец, ѕвездата која ги просветува помрачените луѓе и ги осветлува сите верни. Затоа, пристапувајќи кон гробот на неговите мошти, со љубов да ги целиваме и да повикаме: …

АКАТИСТ КОН МАЈКАТА БОЖЈА ВО ЕПИНГ

По повод една година од посетата на чудотворната икона на Мајката Божја од Хаваи, која мироточи, на ден 25. 05. 2025 година во вечерните часови во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отецот Гаврил Галев во сослужение на старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Акатист кон Мајката Божја.

НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА И ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН НА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ ВО ЕПИНГ

На 25. 05. 2025 година, во шестата недела по Велигден – на Слепородениот, кога Светата Црква го прославува споменот на светите: Епифаниј, епископ Кипарски; Свети Герман, патријарх Цариградски; Светиот маченик Панкратиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше отслужен парастос на покој на …