Events

ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ВО ПРЕДВЕЧЕРИЕТО НА ПРАЗНУВАЊЕТО НА СВЕТИОТ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ ВО ЕПИНГ

На 13. 01. 2025 година, во предвечерието, кога Светата Црква го празнува Обрезанието на Господ Исус Христос и споменот на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Вечерна богослужба. На Вечерната богослужба учество зеде мноштво народ, кој ја имаше несекојдневната можност да се поклони на светите мошти на свети …

СВЕТА ЛИТУРГИЈА ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ПРЕПОДОБНИОТ ГАВРИЛ, ЕПИСКОПОТ ВЕЛИЧКИ

На 12. 01. 2025, во 29 недела по Педесетница – Недела по Рождество Христово (Попразненство на Божиќ , кога Светата Црква ги прославува Светите богооци: Св. цар Давид, Св. праведен Јосиф и Светиот апостол Јаков брат Господов, како и споменот на нашиот преподобен отец Гаврил, епископ Велички; во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на протојереј-ставрофор Јован Димиров и на протојерејот …

СВЕТИТЕЛОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ

Отец Гаврил од Лесновскиот манастир беше голема утеха за малубројните вистински христијански заедници (христијани со свој духовен отец, со правило за духовен подвиг, кои редовно се исповедаа и се причестуваа), кои во негово време (1971 – 1990), во Р. Македонија беа распрснати како мали оази на спас во пустината на атеизмот и христијанскиот номинализам. Гледајќи од денешна перспектива – после четврт век од неговото блажено упокојување, ако продолжиме да живееме …

ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ПРЕПОДОБНИОТ ГАВРИЛ, ЕПИСКОПОТ ВЕЛИЧКИ

На 11. 01. 2025, во предвечерието на чествувањето на споменот на  Преподобен Гаврил, епископ Велички; во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на протојереј-ставрофор Ефтим Бетински и на јерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба. На Вечерната богослужба учество зеде мноштво народ, кој имаше можност да се поклони на светите мошти на светител Гаврил Светогорец, епископот Велички, кој е светител од нашето …