Events

ВЕРОНАУКА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ ВО ЕПИНГ

Во просториите на Македонскиот културен центар при МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг секоја среда се одржува веронаука на македонски јазик за деца од предучилишна возраст.  

НАЈАВА: ВЕРОНАУКА СО ОТЕЦ ГАВРИЛ

Почитувани верници, Ве известуваме дека третиот дел од предавањето „Правилно запознавање на православната вера и живеење“ ќе се оддржи утре, на 30 мај 2024 година  со почеток од 18:30 часот во просториите на Македонскиот културен центар во Епинг. Сите сте добредојдени!  

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО СИДНЕЈ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Ученици и наставници по македонски јазик на прослава во чест на македонските и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј во македонскиот православен црковен храм што го носи името на светците, 26 мај 2024,Сиднеј. Македонскиот православен црковен храм “Св.Кирил и Методиј” во Сиднеј и оваа година ги отвори вратите за стотина ученици кои го изучуваат македонскиот јазик во редовните, етничките и средните училишта во Нов Јужен Велс, заедно со нивните наставници, …

БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ

На 26. 05. 2024 година, во 4 Недела по Воскресение (на Раслабениот), кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Гликерија; Светиот маченик Александар; Преподобните Јован, Ефтимиј, Георгиј и Гаврил Иверски;, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот ерејот Владо Недески служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.