Events

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (учител на православното тајноводство) – Отец Гаврил (Галев)

Секоја градба се заснова на темели, а за да се изгради, таа се потпира на столбови на кои се држи сето здание. Тие носечки столбови за Православната Црква се Светите Отци. Аголниот  камен е Христос, темелите се апостолите и нивната проповед, а столбовите – Светите Отци и нивните догматски формулации. Светата Црква има повеќе такви столбови, врз чие учење се држи доктрината на нејзината вероисповед, а за свети Григориј Палама …

ПОСЕТА НА ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Парохискиот свештеник и старешина на храмот „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, протојереј Борислав Лазов во придружба на протојерејот Томе Младеновски го посети старечкиот дом Marco Polo-Nursing Home, Unanderra, каде што остварија средба и разговор со парохјани.  

МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И ВТОР АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ

На 14. 03. 2025 година, во вториот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, игуменот Гаврил (Галев) во сослужение со старешината на храмот, јерејот Климент Станковски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.

ОДБЕЛЕЖАН СПОМЕНОТ НА СВЕТИОТ АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК, МЕЛБУРН

Денес кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија го прославува споменот на Светиот Агатангел Битолски во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, во молитвено присуство на игуменот Гаврил (Галев), протојерејот-ставрофор Ефтим Бетински заедно со јерејот Климент Станковски отслужија Преждеосвештена литургија.