Настани

ЗОШТО СЕ ПРИНЕСУВА ПЕТОЛЕБИЕ?

Лебот е најдрагоцен дар на олтарот. Со нив треба да се приложи и лист со испишани имиња на живите членови на фамилијата за да ги спомне свештеникот на богослужбата. Лебот не е скап артикал, но е од непроценлива вредност штом ќе стигне до светиот олтар. Нема поголема чест ниту привилегија зa домаќинката со своите сопствени раце да замеси пет лепчиња кои на Светата богослужба ќе ce осветат и благословат. Само …

БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)

Бог се што створил, створил добро и за вечно постоење. Меѓутоа, како што гледаме, не изгледа се така добро. А зошто не е така? Затоа што ние ја прекршивме Божјата заповед на пост и молитва, односно се одделивме од заедницата со Бог која што единствено прави сѐ да е добро, и која што единствено сѐ приведува во хармонија. Надвор од (заедницата со) Бог е хаосот, надвор од Бога е гревот …

ПОМЕН ЗА УПОКОЕНИТЕ И ДОНАТОРСКА АКЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА ВО МЕЛБУРН

На ден 30 март (недела) 2025 година пред споменикот на Гоце Делчев во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг за време на донаторската акција за настраданите во Кочанската трагедија, која беше организирана од повеќе македонски друштва од Викторија, македонското свештенство при Австралиско-сиднејската епархија отслужи помен за покој на душите на сите трагично упокоени Божји чеда.

НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 30. 03. 2025 година,  во Четвртата недела од Великиот пост – Недела на свети Јован Лествичник, кога се празнува споменот на Свети Алексиј човек Божји; Светиот маченик Марин, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни. /// 4 Nedela od …