ЛИТУРГИЈА ВО 9 НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА ВО ЕПИНГ

На 10. 08. 2025 година, во деветтата недела по Педесетница, кога Светата Црква го прославува споменот на Преносот на моштите на свети , во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
Парохиескиот свештеник о. Климент Станковски за време на Литургијата произнесе беседа во која нагласи дека Црквата ни е мајка и дека сите треба постојано да извикуваме: „Господи спаси не“ – исто како и св. ап. Петар.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.