НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО БРИЗБЕЈН

На 21. 07. 2024 година, во четвртата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светиот великомаченик Прокопиј, на светиот Прокопиј Јуродив и на преподобниот Теофил Мироточив,  во црковната општина „Рождество на Пресвета Богородица“ во Бризбејн (Квинзланд), игуменот на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк отецот Гаврил (Галев) во сослужение со старешината на храмот протоерејот Ѓорѓи Митев и на отецот Ерик од Руската задгранична православна црква служеа Света Златоустова …

ПРОСЛАВЕН ХРАМОВИОТ ПРАЗНИК ВО ГОЛД КОСТ

На 20. 07. 2024 година,  кога го празнуваме споменот на светата вмч. Недела, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, игуменот на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк отецот Гаврил (Галев) во сослужение со протоерејот Ѓорѓи Митев и на старешината на храмот јереј Горан Божиновски  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Светата Литургија беа прекршени славските лебови и …

ТРЕТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА ВО ГОЛД КОСТ

На 14. 07. 2024 година, во третата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светите врачи Кузман и Дамјан, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот јереј Горан Божиновски  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

ПЕТРОВДЕН ВО РОКДЕЈЛ

На 12. 07. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

ИВАНДЕН ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 07. 07. 2024 година, во втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Раѓањето на свети Јован Предвесник и Крстител Господов – Иванден, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески во сослужение со свештеникот Александар Ивановски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.