Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици (22.03 / 28. 10)

Bо времето кога Османлиите го освоиле градот Битола, по четиримесечна опсада и тешки, жестоки битки, следеле страшни настани: жителите биле убивани, жените силувани, свештениците, монасите и монахињите мачени и погубувани; храмовите биле ограбувани и сквернавени, а потоа и до темел палени. Особено големо крвништво варварите покажале кон свештениците и монасите, кои за сето време на борбите непрестајно го поучувале и поткрепувале верниот народ, поттикнувајќи го да се бори докрај за …

Светите четириесет маченици во Севастија (Младенци) – 22. 03

Сите овие беа војници во римската војска, но тврдо веруваа во Господ Исус. Кога настана гонење во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, Свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова …

Свети Агатангел Битолски (12. 03)

Овој македонски светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој денес во Бигорскиот манастир се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното петвековно владеење со македонските краишта Агарјаните имале необичен и свиреп обичај за време на тридневното празнување на Бајрам насилно да го преведат во својата исламска вера секој христијанин што ќе го нашле. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев …

Свети апостол Ананија / Saint Apostole Ananias of the Seventy

Еден од седумдесетемина. Бил епископ во Дамаск. По Божјо јавување (Дела 9) го крстил Савле – апостолот на народите Павле. И покрај сите гонења, храбро го проповедал Евангелието, поради што бил каменуван и убиен  во градот Елевтеропол. Неговите свети мошти се пренесени во Дамаск, а подоцна во Цариград.   Житие Свети апостол Ананија, еден од седудесетемина, беше епископ во градот Дамаск. Познат е и по тоа што го крстил апостолот …

Свети Григориј Палама (учител на православното тајноводство) – Архимандрит Гаврил (Галев)

Секоја градба се заснова на темели, а за да се изгради, таа се потпира на столбови на кои се држи сето здание. Тие носечки столбови за Православната Црква се Светите Отци. Аголниот  камен е Христос, темелите се апостолите и нивната проповед, а столбовите – Светите Отци и нивните догматски формулации. Светата Црква има повеќе такви столбови, врз чие учење се држи доктрината на нејзината вероисповед, а за свети Григориј Палама …