НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ

НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ
На 27. 07. 2025 година, во седмата недела по Педесетница, кога Светата Црква го прославува споменот на светите: Светиот апостол Акила; Преподобен Елиј и Преподобен Никодим Светогорец, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.