Споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан литургиски прославен во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 09. 01. 2024 година, кога ги празнуваме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата беа благословени лебните приноси.