На ден 08. 08. 2025 година во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј свечено беше прославен храмовиот празник Света Петка. Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан со Светата Литургија чиноначалствуваше Неговото преосвештенство, Епископот г. Михаил од Романската православна црква на кому му сослужуваа голем број свештеници од помесните православни цркви. На Литургијата молитвено присуствуваше и Неговото преосвештенство, Епископот г. Темистокле од Александриската патријаршија.
На Литургијата присуствуваа голем број верници, кои се причестија со Светите Христови тајни.
Света Петка моли Го Бога за нас!










