ЦВЕТНИЦИ ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО КИНГ ЛЕЈК, МЕЛБУРН (ВИКТОРИЈА)

„Од устата на младенците и девојчињата си ја создал похвалата Своја, заради непријателите Твои, за да го срушиш непријателот и одмазникот“

(Псалм 8,2)

 На 28. 04. 2024 година, во Шестата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го празнува празникот Влегувањето Христово во Ерусалим – Цветници, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.