Житие на Свети Григориј Богослов (07. 02)

Свети Григориј Богослов, познат и како Григориј Назијанзанин,  е еден од најголемите богоносни отци и учители на светата Православна Црква. Неговиот спомен се празнува на 7 февруари (25 јануари), а преносот на неговите мошти на 1 февруари. Заедно со свети Василиј Велики и свети Јован Златоуст, вброен е во светите Три Патријарси кои се празнуваат на 12 февруари. Свети Григориј Богослов е исто така познат и како еден од Кападокиските …

За новиот човек – Иван Иљин

Современиот свет се движи во пресрет на духовна обнова. За мнозина, сето ова сѐ уште се наоѓа под превез: едни – затоа што не ги одживеале своите стари заблуди продолжувајќи истите да ги сметаат за „последен збор“ на животот и правдата; други пак – затоа што страдањата и лишувањата на нашата епоха се толку силни што од луѓето ги проголтуваат сите нивни сили. Има и такви коишто ја почувствувале неопходноста …

Кратко житие на преподобен Максим Исповедник (03. 02)

Преподобен Максим Исповедник е еден од врвните византиски теолози и свети философи на Црквата, творец на широкиот теолошки систем кој ја сумблимира христијанската мисла од Ориген до псевдо-Дионисиј Ареопагит, дефинирајќи ги границите на хеленското неоплатонистичко влијание, како она на Плотин и Прокло. Неговата исклучителна слава во црковната историја е изградена врз неизморната и енергична борба против монотелитската ерес. Црквата високо го почитува овој философ на Православието, и неговиот спомен се …

Житие: Преподобен Ефтимиј Велики (02. 02)

Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, остана во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги …

Житие на преподобниот отец наш Макариј Велики, Египетски (01. 02)

Преподобниот Макариј Египетски се родил во Египетската земја, во селото Птинапор. Неговите родители биле истоименици на древните свети праотци – Авраам и Сара, а и таткото на преподобниот бил свештеник. Бидејќи нивното сопружништво било бесплодно, тие решиле да водат целомудрен живот, но без да се разделуваат еден од друг. И така тие поминале многу години, соединети во духовен соживот. Го украсувале својот живот со воздржание и пост, со чести молитви, …