ТРОПАР НА СВЕТИ ГАВРИЛ ВЕЛИЧКИ
Големиот украс на епископите, убавина на светителите, правило на монасите, слава на пустиниците, дарител на милоста, светилник на расудувањето, откако дојдовме, верни, да го прославиме учителот на кротоста, љубител на божественото, премудриот архиереј, великиот светител и отец, Гаврил епископот Велички и новиот Лесновски чудотворец, ѕвездата која ги просветува помрачените луѓе и ги осветлува сите верни. Затоа, пристапувајќи кон гробот на неговите мошти, со љубов да ги целиваме и да повикаме: …
АКАТИСТ КОН МАЈКАТА БОЖЈА ВО ЕПИНГ
По повод една година од посетата на чудотворната икона на Мајката Божја од Хаваи, која мироточи, на ден 25. 05. 2025 година во вечерните часови во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отецот Гаврил Галев во сослужение на старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Акатист кон Мајката Божја.
НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА И ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН НА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ ВО ЕПИНГ
На 25. 05. 2025 година, во шестата недела по Велигден – на Слепородениот, кога Светата Црква го прославува споменот на светите: Епифаниј, епископ Кипарски; Свети Герман, патријарх Цариградски; Светиот маченик Панкратиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше отслужен парастос на покој на …
БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА НА ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ
БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА НА ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ На ден 24. 05. 2025 година, кога го празнуваме празникот на светите сесловенски просветители и учители, рамноапостолите Кирил и Методиј, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески отслужи Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. //// Deneski Liturgiski i molitveno go proslavivme …
РЕКОРДНА ИЗЛЕЗЕНОСТ НА НАЈНОВИОТ ДУХОВЕН РАЗГОВОР НА МОЈА / RECORD TURNOUT FOR MOYA’S LATEST SPIRITUAL TALK!
РЕКОРДНА ИЗЛЕЗЕНОСТ НА НАЈНОВИОТ ДУХОВЕН РАЗГОВОР НА МОЈА На ден 22. 05. 2025 година во просториите на Културниот центар во Епинг се одржа духовен разговор во организација на Македонската православна младина на Австралија. Разговорот го водеше отец Климент на кого членовите на МОЈА му искажаа искрена благодарност. Неговите зборови за Христовото воскресение предизвикаа значајни разговори и нè оставија духовно воздигнати. Исто така од МОЈА се заблагодарија и на MOCMV – …
