БEСЕДА ЗА ВТОРАТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ: НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА – МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!   Драги браќа и сестри!   Денес светата Православна Црква го прославува споменот на свети Григориј Палама. Црквата го нарекува   чудотворец и светилник на православието, тврдина и учител на црквата, непобедлив богослов над богословите, пофалба на солунјаните,  благодатен поборник и молитвеник пред Бога за нашите прегрешенија – воопшто црквата  немала доволно зборови да го опише неговиот свет и благоугоден живот, и …

ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ

На 16. 03. 2025 година,  во Втората недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск; Света Пијамука Мисирска; Светата непозната девојка, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, старешината на храмот јерејот Владо Недески отслужи Света божествена Литургија.   На Василиевата Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и …

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (учител на православното тајноводство) – Отец Гаврил (Галев)

Секоја градба се заснова на темели, а за да се изгради, таа се потпира на столбови на кои се држи сето здание. Тие носечки столбови за Православната Црква се Светите Отци. Аголниот  камен е Христос, темелите се апостолите и нивната проповед, а столбовите – Светите Отци и нивните догматски формулации. Светата Црква има повеќе такви столбови, врз чие учење се држи доктрината на нејзината вероисповед, а за свети Григориј Палама …

ПОСЕТА НА ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Парохискиот свештеник и старешина на храмот „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, протојереј Борислав Лазов во придружба на протојерејот Томе Младеновски го посети старечкиот дом Marco Polo-Nursing Home, Unanderra, каде што остварија средба и разговор со парохјани.  

МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И ВТОР АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ

На 14. 03. 2025 година, во вториот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, игуменот Гаврил (Галев) во сослужение со старешината на храмот, јерејот Климент Станковски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.