БДЕНИЕ ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО КИНГ ЛЕЈК / VIGIL AT THE MONASTERY OF ST. CLEMENT OF OHRID IN KINGLAKE

БДЕНИЕ ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО КИНГ ЛЕЈК На 05. 04. 2024 година (акатистна сабота), во навечерието кога го празнуваме споменот на св. свеш-мч. Никон и на преп. Никон Печерски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија), игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) согласно богослужбената традиција отслужи сеноќно Бдение. /// VIGIL AT THE MONASTERY OF ST. CLEMENT OF OHRID IN KINGLAKE On 05 April 2024 (Akathist …

ПЕТТИ АКАТИСТ ВО СИДЕНХАМ

На 04. 04. 2025 година, во петтиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј-ставрофор Ефтим Бетински отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението беа осветени лебните приноси – петолебија. Пресвета Богородице моли Го Бога за нас!

ЗОШТО СЕ ПРИНЕСУВА ПЕТОЛЕБИЕ?

Лебот е најдрагоцен дар на олтарот. Со нив треба да се приложи и лист со испишани имиња на живите членови на фамилијата за да ги спомне свештеникот на богослужбата. Лебот не е скап артикал, но е од непроценлива вредност штом ќе стигне до светиот олтар. Нема поголема чест ниту привилегија зa домаќинката со своите сопствени раце да замеси пет лепчиња кои на Светата богослужба ќе ce осветат и благословат. Само …

БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)

Бог се што створил, створил добро и за вечно постоење. Меѓутоа, како што гледаме, не изгледа се така добро. А зошто не е така? Затоа што ние ја прекршивме Божјата заповед на пост и молитва, односно се одделивме од заедницата со Бог која што единствено прави сѐ да е добро, и која што единствено сѐ приведува во хармонија. Надвор од (заедницата со) Бог е хаосот, надвор од Бога е гревот …

ПОМЕН ЗА УПОКОЕНИТЕ И ДОНАТОРСКА АКЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА ВО МЕЛБУРН

На ден 30 март (недела) 2025 година пред споменикот на Гоце Делчев во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг за време на донаторската акција за настраданите во Кочанската трагедија, која беше организирана од повеќе македонски друштва од Викторија, македонското свештенство при Австралиско-сиднејската епархија отслужи помен за покој на душите на сите трагично упокоени Божји чеда.