ОДБЕЛЕЖАН СПОМЕНОТ НА СВЕТИТЕ 40 МАЧЕНИЦИ – МЛАДЕНЦИ ВО ЕПИНГ

На 22. 03. 2024 година,  во првиот петок  од Великиот пост, кога Светата Црква ги празнува Светите четириесет маченици во Севастија – Младенци; Светите славни Четириесет битолски преподобномаченици; Преподобен Филор Исповедник; Свети Кесариј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со …

ЛИТУРГИЈА НА ПРЕДХОДНО ОСВЕТЕНИ ДАРОВИ – ОТЕЦ ГАВРИЛ ГАЛЕВ

Литургијата од една страна e реална животна средина, а од друга страна, извор од кој ние се храниме со непропадлива храна. И заради тоа нас ни е потребно да живееме во таа атмосфера и да се храниме со таа храна. Затоа и Господ пред да биде распнат, пред да умре на Крстот, да воскресне и да се вознесе, ни ја покажа и ни ја даде таа вистинската храна – Телото …

ВЕЛИКИОТ ПОСТ – ПАТ КОН ВОСКРЕСЕНИЕТО

Кога човек се спрема да појде на пат, тој треба да ја знае целта на своето патување. Истото се однесува и на Великиот пост. Постот е пред сѐ духовно патување, а негова крајна цел е Пасха (Воскресението, Велигден), „благденот над благдените“. Постот е припрема за „исполнување на Пасхата, како вистинито Откровение“. Затоа, најнапред, мораме да ја разбереме врската помеѓу Великиот пост и Пасхата, оти таа врска ни открива нешто суштествено, …

БЕСЕДА НА МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ НА ВЕЧЕРНАТА ПРОШТАЛНА БОГОСЛУЖБА

„Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, изнемоштеност, властољубивост и празнословие“ (молитва на св. Ефрем Сирин)   На 17.03.2024 година, во Сирната недела – Прочка, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот …

ТОЛКУВАЊЕ НА ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)

Оваа молитва е вклучена во богослужбениот циклус во посниот триод преку целиот период на великиот пост. Почнувајќи од  вторник и четврток навечер (службите за Среда и Петок), во Сирната седмица пред постот, па до страсната недела, секоја богослужба завршува со молитвата на св. Ефрем Сирин. Свети Ефрем Сирин бил монах, пустиножител од  4 век кој живеел во Сирија. Бил многу голем подвижник кој оседувал големо покајание. Писател е на многу …