ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ И СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН ПРОСЛАВЕН ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 09. 08. 2025 година, кога Светата Црква го празнува споменот на патронот на МПЦ-ОА, Свети Климент Охридски, како и на светиот вмч. Пантелејмон и на светите Седмочисленици во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија во сослужение со протојерејот-ставрофор Ефтим Бетински, јерејот Климент Станковски и свештенослужителите: о. Дејан Милошевиќ од СПЦ и о. Генадиј Бакшеев од Руската задгранична црква во Австралија со што беше одбележана манастирската слава.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата имаше заедничка трпеза.