АКАТИСТ КОН МАЈКАТА БОЖЈА ВО ЕПИНГ

По повод една година од посетата на чудотворната икона на Мајката Божја од Хаваи, која мироточи, на ден 25. 05. 2025 година во вечерните часови во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отецот Гаврил Галев во сослужение на старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Акатист кон Мајката Божја.