НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА И ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН НА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ ВО ЕПИНГ

На 25. 05. 2025 година, во шестата недела по Велигден – на Слепородениот, кога Светата Црква го прославува споменот на светите: Епифаниј, епископ Кипарски; Свети Герман, патријарх Цариградски; Светиот маченик Панкратиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата беше отслужен парастос на покој на душата на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј.

Христос воскресна!