ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ВМЧ. НЕДЕЛА“ ВО ГОЛД КОСТ, КВИНЗЛЕНД

На 31.03. 2024 година,  во Втората недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски и на Свети Анин Чудотворец;, во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот јерејот Горан Божиновски отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.