КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА И БЛАГОВЕШТЕНИЕ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 07. 04. 2024 година,  во Третата недела од Великиот пост – Недела Крстопоклона, кога го празнуваме празникот Благовештение, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија), игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.