ЛИТУРГИЈА ВО НЕДЕЛАТА НА СВЕТИОТ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК ВО ХРАМОТ „СВЕТА ВМЧ. НЕДЕЛА“ ВО ГОЛД КОСТ, КВИНЗЛЕНД

На 14.04. 2024 година,  во Четвртата недела од Великиот пост – посветена на свети Јован Лествичник, кога се празнува споменот на Света Марија Египетска; Свети Мелитон, епископ Сардиски и на Преподобен Прокопиј Чех, во црковната општина „Света вмч. Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот јерејот Горан Божиновски отслужи Света божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.