ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)

На 21. 04. 2024 година,  во Петтата недела од Великиот пост – Недела на Света Марија Египјанка, кога се празнува споменот на         Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј; Свети Нифонт, епископ Новгородски; Свети Келестин, папа Римски;, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Света Божествена Литургија.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.