ЗА ЛИТУРГИЈАТА – СВЕТИ ЈОВАН КРОШТАТСКИ

Има ли нешто повеличествено, потрогателно, поживотворно на земјата од св. Литургија? Во неа се изобразува и извршува највеликата тајна на љубовта Божја кон човечкиот род – соединувањето на Бог со луѓето преку воплотувањето, богонауката, преку страданието, смртта, погребението и воскресението – тајна на обновувањето и обожението на човештвото, тајна на соединувањето на луѓето со Бога преку вкусување од Неговата Плот и Крв. Таа тајна со своето величие го поразува умот …

СВЕТИТЕЛОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ

Отец Гаврил од Лесновскиот манастир беше голема утеха за малубројните вистински христијански заедници (христијани со свој духовен отец, со правило за духовен подвиг, кои редовно се исповедаа и се причестуваа), кои во негово време (1971 – 1990), во Р. Македонија беа распрснати како мали оази на спас во пустината на атеизмот и христијанскиот номинализам. Гледајќи од денешна перспектива – после четврт век од неговото блажено упокојување, ако продолжиме да живееме …

СИНАКСАР НА ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПАСХА, ЗА РАСЛАБЕНИОТ

Стихови: Во Овчата бања, Христос со еден збор, како мудар лекар, го исцели раслабениот.   Во тој ден, четврта недела по Пасха, правиме спомен на раслабениот (парализираниот) и, како што прилега, празнуваме едно чудо што го направи Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос. Овој настан е поместен овде затоа што Христос го направи за време на еврејската Педесетница. Кога се искачи во Ерусалим за празникот, и кога беше во …

СИНАКСАР НА СВЕТАТА И ВЕЛИКА САБОТА

Стихови: Попусто го чуваш гробот, стражо, Зашто тој не може да го задржи самиот Живот.   Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Четириесетница е поголема од сите други денови, а од неа, пак, е поголема оваа света и Велика седмица; а од Великата седмица …

БЕСЕДА ЗА ВЕЛИКИ ПЕТОК – РОДИОН ПУТЈАТИН

Молчи устата на Спасителот, не зборува јазикот, ами говори срцето Негово. Чуј што ти порачува срцето на Спасителот: – Гледаш ли колкава е мојата љубов спрема тебе! Ти постојано стравуваш за своето спасение. Јас лежам мртов, Јас умрев за твоето спасение. А ти пак мислиш дека твоето спасение е незвозможно. Зарем ќе очајуваш? Да, јас однапред знаев, уште пред да се родиш дека ти ќе се сомневаш и ќе очајуваш …