![](https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/wp-content/uploads/2017/09/21462878_246431942546872_9123363721197548060_n-1-450x338.jpg)
На 10. 09. 2017 година, во 14 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Мојсеј Мурин; на преподобниот Сава Псковски и Крипецки и на Соборот на сите Печерски богоугодници, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.