Царски часови и вечерна богослужба во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 14. 04. 2017 година, во светиот и Велики Петок од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски отслужи Царски часови и Вечерна богослужба, на која символично се соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.

На службата учество зеде мноштво верен народ.

 

Кога Јосиф од Ариматеја Те симна од крстот мртов Тебе, Христе, Животот на сите, со смирна Те попрска и со плаштаница Те зави, и полн со љубов, со срцето и усните го целиваше Твоето нетлено тело: но обземен од страв, радувајќи се, Ти пееше: Слава на Твоето понижување, Човекољупче.

Стиховни стихири, глас 2. Подобен.

The gallery was not found!